Поранешниот супермодел, чешката манекенка Петра Немцова (40) се породи и го донесе својот син на свет, а на целиот чин му претходело драматично искуство.
Имено, и покрај тоа што Петра го родила синот во петок, 15 ноември, таа не сакала да зборува за низ што поминала сè до минатата вечер.
Момчето е родено шест недели порано, и тоа додека Петра и нејзиниот партнер Бенџамин престојувале во зафрлено подрачје опкружено со природа, рекла манекенката. Кога сфатила дека породувањето почнало, Петра влегла во автомобилот и додека итале кон најблиската болница, таа се породила.
Бидејќи бебето се родило предвреме, следувале најтешките денови за Петра и нејзиниот партнер, затоа што животот на момчето било во опасност.
Сепак, кога станало јасно дека сè е во ред со нејзиниот син, Петра се огласила на социјалните мрежи.
Манекенката ги опиша сите детали синоќа со фотографијата од болницата.
FOTO: Instagram/Printskrin