Лидерот на ДУИ Али Ахмети по првичните снимки од прославата на јубилејот на „Шверцерите“ помислил дека МНТ не е соодветно место за навивачка група, но пота видел дека немало вандализам.
– Кога ги видов првите информации во медиумите прво помислив дека местото не е соодветно, но отпосле видов дека на ваков начин навивачките групи прославуваат секаде во светот и сметам дека нема ништо спорно – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по одбележувањето на Денот на албанското знаме.