Расте бројот: Најмалку 48 лица загинаа во самоубиствениот напад во Кабул

87
ФОТО: EPA/JAWAD JALALI

Најмалку 48 загинаа, а 112 се повредени при експлозија во Центар за регистрација во избирачки списоци во авганистанскиот главен град Кабул.   Меѓу загинатите има и 21 жена и пет деца.

– Луѓето беа собрани за да ги земат личните карти. Експлозијата се случи на влезот. Тоа беше самоубиствен напад. Се уште не се знае колку точно има жртви – изјави началникот на полицијата во Кабул, Дауд Амин.

Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Центрите за регистрација на избирачи се отворени ширум Авганистан поради подготовки за долго одложуваните избори, кои се планирани за во октомври оваа година.

ФОТО: EPA/JAWAD JALALI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...