Патници украле мобилен телефон на таксист во Скопје

161

Двајца разбојници вчера вечерта нападнале и ограбиле таксист. Му го украле мобилниот телефон со што,според проценката, се стекнале со противправна имотна корист од 2.000 денари.

Разбојниците се качиле во такси возилото на Рекорд и се возеле до улицата Џон Кенеди во Чаир каде и го нападнале таксистот.

Според пријавата, на раскрсницата помеѓу улиците Џон Кенеди и Лазо Трповски откако таксистот застанал на црвен семафор, едно од лицата се симнало од возилото додека другото го одзело неговиот мобилен телефон. Возачот се обидел да го спречи во намерата, но лицето започнало да му упатува закани, се симнало од возилото и со дрво го скршило задното стакло од возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...