Почина српскиот рапер Бане 187, не ја издржал операцијата

Неговиот пријател, раперот Небојша Миниќ Хеле рекол за „Блиц“, дека Бане не ја издржал операцијата на која бил подложен.

1169

Поранешниот рапер и член на популарната група „187“ Бане Ковачевиќ, попознат како Бане 187 починал во текот на ноќта, а се се случило по операцијата што ја имал, пишува српски „Блиц“.

Неговиот пријател, раперот Небојша Миниќ Хеле рекол за „Блиц“, дека Бане не ја издржал операцијата на која бил подложен.

– За жал, информацијата е точна. Вчера имаше операција на срцето и не можеше да ја издржи. Сè се случи вчера во околу десет часот навечер – изјавил тој.

Инаку, за неговиот приватен живот малку се знае. Во август објавил фотографија од Клиничкиот центар, а јавноста не била запознаена со тоа дека славниот рапер боледува од тешка болест.

„Борбата е завршена, излегов како победник“, порачал тој тогаш, а под овие зборови имало бројни честитки и зборови за поддршка.

Од некогашниот рапер пријателите и членовите на семејството се збогуваат преку социјалните мрежи.

FOTO: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...