Собранието денеска ќе одржи седница за поставување пратенички прашања.
Премиерот и министрите секој последен четврток во месецот одговараат на пратенички прашања. Според вообичаено воспоставениот редослед, први прашања поставуваат пратениците од опозицијата, а потоа и од власта.
Пред почетокот на оваа 121. пленарна седница, ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која ќе расправа по евентуалните амандмани на Предлог-законот за лобирање, во второ читање.
Седница ќе одржи и Законодавно-правната седница.