Нема основи на сомнение дека поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи ги сторил кривичните дела – „Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа, смета Основното јавно обвинителство Скопје кое ја отфрли пријавата против Реџепи кој неодамна за изградба на џамија изрече куп навреди за македонскиот народ.
Пријавата за говор на омраза за поглаварот на ИВЗ ја поднесе Хелсиншкиот комитет кој препозна ширење на омраза и излагање на подбив на македонскиот народ во неговиот говор кога дава квалификации на „див“ и „непримерен народ без идентитет“.
– Клучен елемент на кривичното дело – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 од Кривичниот законик претставува намера јавно на подбив да се изложи македонскиот народ и припадници на заедниците кои живеат во државата, а при дадената изјава пријавениот никаде директно не споменува македонски народ, ниту припадници на заедниците со намера да ги измејува – велат од ОЈО.
А, еве што изјави поглаварот на ИВЗ:
– Нам не ни пречи да градат цркви, но никогаш нема да молчиме кога не попречуваат во градењето на џамиите, кога не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме никогаш. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со Господ напред дека ќе дојдат подобри времиња. Ние имаме народ и места секаде. Во село Лажец, Битолско, повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие со каков див народ живееме. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот, не се освестува – изјави Сулејман Реџепи.
ВИДЕО: Канал 5