Македонската репрезентација во традиционално карате од Обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија се враќа со освоени 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали.
Златни медали освоија Дејан Недев во кати за постари сениори и Аљоша Недев во сениори, сребрени медаlи освоија Јана Милевска во кати-кадетки, Берта Милевска во кумите и фукуго за младинки и Ристо Сакалиев во кати за ветерани, бронзени медаљи освоија Јана Милевска во кого кумите-кадетки, Берта Милевска во кати-младинки и Петар Костов во кати-младинци.
На Балканскиот Шампионат во Тарговиште од 20 до 22 април учествуваа над 300 напреварувачи од 9 држави.