Нов земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала во 15 часот и 45 минути ја погодил Албанија, а беше почувствуван и во Македонија.
Земјотресот бил со магнитуда од 5.3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил во Јадранско Море, на длабочина од 10 километри.
Во земјотресот што вчера ја погоди Албанија со интензитет од 6,4 степени загинаа најмалку 31 човек, а над 650 се повредени.
Во Албанија е донесена одлука моментално да прекинат операциите за спасување на луѓето што уште се под урнатините.