Фон дер Лајен: Северна Македонија и Албанија требаше да започнат со преговорите

237
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен веднаш по изборот на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, пред новинарите изјави дека Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат со преговори, јавува дописникот на МИА.

– Целосно сум убедена дека е во наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ- рече претседателката на ЕК.

Според неа, легитимно е Советот да поставува прашање за процесот на проширувањето, но оти за двете земји новите правила не треба да важат.

– Го поздравувам тоа што процедурите за проширување се ставени на масата. Тоа е право на Советот. Но, за Северна Македонија и Албанија, од кои побаравме длабоко да се реформираат и трансформираат, заслужуваат да не ги менуваме правилата кои им ги дадовме претходно – рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...