Обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 е задржан во градската болница „8-ми Септември“ на контролни прегледи, информира ГОБ „8-ми Септември“.
-Лицето БЈ е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постпка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојб, велат од болницата.
Боки 13 е сместен на интензивна нега поради безбедносни причини.
Неговиот адвокат Сашко Дукоски, пред десетина дена предупреди дека Јовановски е сериозно болен и бараше да биде хоспитализиран. За четири месеци Боки 13 бил 25 пати носен на лекар.
Првото рочиштето за случајот „Рекет” е закажано за 3-ти декември.