Од музика не се живее, Тијана Дапчевиќ има плантажа со ореви

Пејачката зад себе има пет студиски албуми, многу хит синглови, успеси постигнати на фестивали, како и учество на Евровизија.

4890

Познатата пејачка и од неодамна актерка Тијана Дапчевиќ призна дека не е толку посветена на музиката како порано, иако продолжува да ги радува своите фанови со песни, пишуваат српските медиуми.

Пејачката зад себе има пет студиски албуми, многу хит синглови, успеси постигнати на фестивали, како и учество на Евровизија.

Сепак, Дапчевиќ вредно настапува, а како што признава, се откажала од свирање на виолончело, барем кога станува збор за сериозна кариера, затоа што тоа бара „целосно да се посвети на инструментот“, за што таа сега „нема амбиција“.

Тијана во разговорот за „Grang News“ објаснила дека музиката навистина е нејзината љубов, но дека за живот е потребно и нешто повеќе.

– Тука не може да се живее од виолончело. Сега се занимавам и со земјоделство во меѓувреме. Што е тука смешно, имам ореви – открила пејачката и додала дека има плантажа со ореви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...