Том Џонс и Стинг ѝ пееја на кралицата за роденденот

На концертот наречен „Роденденска забава за кралицата“, меѓу другите, настапија Стинг, Том Џонс, Крег Дејвид, Шон Мендес и Кајли Миног.

1417
ФОТО: EPA/STRINGER

Публиката во Ројал Алберт хол викендов имаше ретка можност – да пее „среќен роденден“ на најдолговечниот жив монарх, кралицата Елизабета Втора. Таа го прослави 92-риот роденден.

Хелен Мирен за Елизабет: Нејзините нозе се цврсто на земја, шапката на глава, чантата в раце. Преброди многу, многу бури.

Во Лондон беше организиран специјален концерт во чест на кралицата, на кој пееја повеќе музички ѕвезди. На концертот наречен „Роденденска забава на кралицата“, меѓу другите, настапија Стинг, Том Џонс, Крег Дејвид, Шон Мендес и Кајли Миног.

Кралско семејство

Прв настапи легендарниот Том Џонс, кога кралицата Елизабета се смести во кралската ложа заедно со членови од нејзиното семејство. На концертот ја немаше војвотката Кејт, која го очекува раѓањето на своето трето дете. Со кралицата во ложата седеа нејзиниот син принцот Чарлс и внукот, принцот Вилијам, како и принцот Хари со свршеницата Меган Маркл. Кралицата пред да седне во ложата, ги отпоздрави присутните.

Подоцна кралицата Елизабета застана и на сцената заедно со изведувачите, можност што едно дете ја искористи да ѝ подари цвеќе.

Предизвици, опстојување

По многубројните подеми и падови, британската кралица денес во Британија е попопуларна од кога било. Според анкетата „ЈуГов“, позитивно мислење за неа имаат дури 76 отсто од Британците.

Во текот на 66 години владеење, Елизабета Втора се носеше со многу удари и предизвици, но наспроти сè, како што ја опиша Хелен Мирен којашто ја глумеше на филм, таа „го задржа своето достоинство, чувството за должност и фризурата“. Наследничка на престолот стана во 1936 година, кога нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести го презема тронот.

Умереност во сè

Кралицата Елизабета Втора признала дека во најтешките моменти и помогнале вербата и тоа што, баш како и кралицата Викторија, секогаш била убедена во старото начело – умереност во сè.

Лани со сопругот Филип прославија 70 години брак, а во последните неколку месеци, поради проблеми со здравјето на принцот Филип, повеќето обврски кралицата ги извршува сама.

ФОТО: EPA/STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...