Кривична за поранешен директор на кичевско училиште

Тој, во 2017 и 2018 година, како директор на општинското средно училиште „ДРИТА“ во Кичево, на професорите Г.Ф. и Д.Ј. не им ги откажал договорите за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплината со неоправдано отсуство од работа подолго од три последователни работни дена.

198
Фото: МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Н.Б.(42), поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, во текот на 2017 и 2018 година, како директор на општинското средно училиште „ДРИТА“ во Кичево, на професорите Г.Ф. и Д.Ј. не им ги откажал договорите за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплината со неоправдано отсуство од работа подолго од три последователни работни дена. Со тоа, пријавениот, на професорите им овозможил стекнување со противправна имотна корист, објаснува Стефан Димоски пртпарол на СВР -Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...