Фетаи: Секој обвинител примил по околу 22.000 евра годишно што не е далеку од патните трошоци на пратениците

1300
20160328 Monday specijalno javno obvinitelstvo katica janeva fatime fetai

Висината на надоместоците се определуваше со одлука од страна специјалниот јавен обвинител и изнесуваше генерално, поради тоа што се менуваше тој износ, не беше секоја година ист, отприлика секој обвинител примил по околу 22.000 евра годишно како надоместок што не е многу далеку од примањата шти ги имаат за патни трошоци некои пратеници во нашата држава. Како што реков, сумите се приближни со тие на специјалните обвинители во регионот, со таа разлика што тие немаат задача да гонат актуелни функционери врз основа на дата база на прислушкувани разговори – нагласи Фетаи. Платата на обвинителите во СЈО изнесуваше 1.300 евра што беше за 300 евра повисока од платата на другите обвинители, изјави обвинителката Фетиме Фетаи денеска пред влезот на Кривичниот суд каде што треба да постапува на судењето за „Монструм“.

– По однос на надоместоците за кои се зборуваше уште од самите почетоци, дури се зборуваше за многу повисоки од оние што ние реално ги примавме, и кои што се откриени па никој тогаш не реагираше, да појаснам, дека самиот профил на лицата кои што ги има во разговорите и извонредно големата опасност од компромитирање и на тие лица меѓутоа и на содржината на разговорите, укажуваше на тоа дека доверливоста е основен елемент за успешно извршување на функцијата во СЈО. За обезбедување на доверливоста, односно заради почитување на принципот на тајност и обезбедување на посебна заштита на приватноста на граѓаните на РСМ и на други лица беа склучени договори помеѓу специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители и другите лица вработени во СЈО. И основот за тоа е во самиот Закон за СЈО – објасни таа.

Во однос на висината на тие надоместоци, таа им посочи на новинарите да истражат колкави се примањата на специјалните обвинители во земјите од регионот и дека ќе видат дека тие не се ништо многу поразлични од примањата кои тие ги имале како специјални обвинители.

Во однос на барањето документација од страна на Јавното обвинителство во СЈО, таа рече дека немало никаков претсрес во просториите на СЈО, туку дека се работело за барање за собирање на документација врз основа на која што јавниот обвинител би можел да одлучи што понатаму. Во СЈО дошле двајца истражители на кои им била дадена бараната документација.

– Интересно е дека со светлосна брзина сите институции се јавија да го истражат овој спорен момент, небаре се работи за криминал на деценијата. Камо среќа на тој начин и со таква брзина да постапуваа сите оние институции во изминатиот период кога воопшто ќе немаше потреба и од формирање на СЈО. Се чудам како до ден-денес и Европол не е вклучен во предистрагата – рече Фетаи.

Таа додаде дека целта на примопредавањето на предметите на ЈО беше да нема застој во истрагите.

– А истрагите седат во кутии. И затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денес да бидат во обвинителна клупа тие делат совети како треба да се води предистрагата. Буквално ние сме магационери и архивари по однос на предметите кои се во фаза на истрага. А има истраги кои се спремни за обвинение како што е истрагата „Моќник“. Тука зборувам за Антонио Милошоски кој наместо да си спрема своја одбрана, си излегува по медиуми и дели правни совети – рече Фетаи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...