Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Јади бурек“ вечерва предложи да се воведе кандидат за иден мандатар и тој да биде носител на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.
– Зошто да не воведеме во Изборниот закони механизам кој што ќе биде по теркот на ЕНП и кој што беше дел од европските искуства на европските избори, шпицен кандидат, ние да го именуваме како кандидат за мандатар, односно носител на мандатот. Мора да имате вие носител на мандатот, односно човек кој што утре ќе ја добие довербата од граѓаните да формира Влада или пак неговата понуда и неговите политики ќе бидат поразени. Тоа менува многу затоа што Вие излегувате на избори, доживувате пораз и потоа се криете зад пратеничкиот мандат и позади имунитетот кој што го имате во Собранието, а вашата политика граѓаните ја поразиле. Ајде да бидеме честити – предлага Мицкоски.