Хотел во Драч со 6.000 литри бензин под опсада на полицијата, стравуваат од нов земјотрес ВИДЕО

1468

Сопственикот на хотелот „Љубљана“ во Драч ги повика надлежните служби затоа што во подрумот на објектот има канистери со 6.000 литри бензин. Тој предупредил дека ново тресење на тлото може да предизвика експлозија.

Некои медиуми, пренесуваат дека станува збор за 260 литри бензин.

Полицијата го обезбедила подрачјето, а пожарникарите се на лице место.

На истата улица има уште еден хотел, во кој три лица се заробени под урнатините.

Албанија ја погодија силни земјотреси со јачина од 6,4 и 6,5 степени според Рихтерова скала, а епицентарот беше недалеку од Драч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...