Лазовски, Азири и Угриновска задолжени да ја испитаат журката на „Шверцери“ во МНТ

1667

 Работна група составена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири и директорката на Македонски народен театар, Симона Угриновска ќе треба да го испитаат начинот на кој е спроведена прославата на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ минатиот петок.

Ова беше одлучено на денешната владина седница, а тричлената работна група, премиерот Зоран Заев ја  задолжи состави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот во Националната Установа МНТ.

Во извештајот треба да биде содржана и детална информација за евентуалната штета на инвентарот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...