Јанушев: „Шверцерите“ го демолирале и градскиот стадион

Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вандализмот и демолирањето на театарот е помалото зло бидејќи се што е расипано може да се поправи, но она што многу повеќе загрижува е говорот на омраза кој може да предизвика меѓуетнички тензии.

727

Не само МНТ, навивачката група „Шверцери“ го демолираала и градскиот стадион Филип II, тврди генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во интервју за Македонското радио. Според него, доколку сакаме државата да оди напред, треба дефинитивно да заборавиме на двојните аршини врз основа на религија, етничка припадност и слично.

– Ноќта, петокот спрема саботата во доцните вечерни часови, некаде околу 12,30 ноќта, група исто така од навивачката група „Шверцери“ упаднала во националната арена и имало демолирање на инвертарот и опремата во националната арена. Меѓутоа никој не се одважи да соопшти. Веројатно е дека се обидуваат да го заташкаат случајот. Законот не познава ниту Македонци, ниту Албанци, Роми, Турци и сите останати кои живеат во Македонија и што побрзо Османи, Груби и сите останати го разберат тоа, толку подобро ќе биде за државата – вели Јанушев.

Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вандализмот и демолирањето на театарот е помалото зло бидејќи се што е расипано може да се поправи, но она што многу повеќе загрижува е говорот на омраза кој може да предизвика меѓуетнички тензии.

– Можеби вандализмот, кршењето, уништувањето во македонскиот народен тетар и е такаречено помалото зло, се она што е направено и уништено може да се поправи. Она што влијае во негативна конотација на сите нас, а што некако намерно или ненамерно се обидуваме да го заборавиме и ставиме во втор план е говорот на омраза. Што всушност или може да биде тригер за меѓуетничките тензии. Видовме еден очаен обид по не знам кој пат досега од страна на Заев и целото раководство околу него заедно со раководството на МНТ како не можат да се договорат кога сакаат да излажат, по кој знае кој пат СДСМ и ДУИ. Тие излегоа со дијаметарлно различни изјави во јавноста – вели Јанушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...