Контроверзниот пејач Божо Вреќо со концерт во Скопје

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов.

301

Музичката ѕвезда која доаѓа од балканските простори, а е навистина на светско ниво по сите параметри, Божо Вреќо најави концерт во февруари во Скопје.

„Принцот на севдахот“ или како што престижниот „Њујорк тајмс“ го нарекува, „човекот со ангелски глас“, Божо Вреќо, за прв пат ќе има концерт во Скопје во Македонската опера и балет на 23 февруари, со почеток во 19:30.

Божо Вреќо е навистина последниот голем музички феномен изнедрен од плодната балканска почва и е еден од најинтересните и најпознати изведувачи во доменот на севдахот во моментов.

Се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја не само што ја оживуваат традицијата на севдалинките, туку и успеаја да ја однесат дури и во правецот на андерграунд, што беше незамисливо досега.

Вреќо е лирски тенор кој предизвикува бројна публика и затоа настапува на концерти низ Европа и светот кои се секогаш однапред распродадени.

Неговата акапела интерпретација на севдалинките е секогаш спектакуларна.

Влезниците за концертот на Божо Вреќо во Скопје ќе бидат пуштени во продажба во среда (27-ми ноември) во 09 часот наутро по цена од 1500 денари, а достапни за купување ќе бидат во Avalon Music & Ticket Store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на www.avalon.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...