Снимките од дрон го покажаа ужасот по земјотресот кој синоќа ја погоди Албанија. Урнати куќи и згради, објекти срамнети со земја, куп рушевини, паника и хаос е сликата по серијата силни земјотреси во Албанија.
Најкритично е во Туман и Драч. Најмалку 23 лица се извлечени од урнатините на зградите во Драч, а меѓу нив има и деца.
Спасувачите го пребаруваат теренот во потрага по преживеани. Во спасувањето на затрупаните граѓани под урнатините се вклучени механизација, екипи на итна помош, армијата и граѓани.
Досега билансот од земјотресот е 14 загинати и над 600 повредени.Помош за Албанија стасува од сите страни.