Ѓорѓиевски: МВР четири дена никого не приведе иако ги знае хулиганите кои го уништија театарот

231

Четири дена МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ. Четири дена ниту некој е приведен, ниту некој е пријавен, иако МВР точно го знае идентитетот на хулиганите. МВР ги има снимките од театарот и до сега можеше сторителите веќе да ги извади пред лицето на правдата доколку тоа не беше сторено со амин на власта, рече на прес конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев лаже кога се колне дека не знаел за доаѓањето на „Шверцерите“. Навивачката група „Шверцери“ со дозвола на власта една недела претходно ја има најавено прославата во новиот објект на МНТ. И Заев и Оливер Спасовски точно знаеле што ќе се случува. Впрочем за тоа говорат и неофицијалните информации дека 200 специјалци биле на готовс доколку се случат посериозни инциденти. Зошто веднаш по вандализмот внатре во објектот полицијата не направила обрач и не ги привела сите коишто учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, праша Ѓорѓиевски и побара одговорност од директорот на МНТ, од заменик министерот за култура, и од министерот за култура, но и од Спасовски и од Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...