Ласовска до Заев: Дали заканувачот на полицајките е близок до градоначалник во Скопје?

737

Власта на Зоран Заев е нефункционална и не може да ги заштити ниту жените вработени во МВР и армијата, а не пак останатите. Неспособноста и лицемерието на власта на Заев најдобро се гледаат кога ќе се слушнат нивните изјави поврзани со борбата против насилство врз жената. Како и за се останато, Заев ветува, се колне, а не презема ништо. Сѐ е една голема лага и измама, рече Благица Ласовска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

– Шест полициски службенички цела година биле вознемирувани, психички и сексуално малтретирани од страна на надредено лице, а властите не преземале ништо да ги заштитат жртвите. Сексуално вознемирување и мобинг врз жена на прагот на третата декада на 21 век е недозволиво и треба да подлежи под најстроги санкции.  Нефункционалноста на власта си ги зема своите жртви. Функционерите во МВР наместо да работат вршат сексуално насилство врз своите колешки – обвини Ласовска.

Според неа, Зоран Заев и врвот на власта носат директна вина за оваа случка, во која страдале нечии ќерки, сопруги и мајки.

Таа доаде дека заканувачот се заканувал со зборовите:

– Оди си сега, гледам си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто не можеш да замислиш што ќе ти направам и кој сум јас, ова се зборови на личност која се чувствува заштитена од власта – вели Ласовска.

Таа го повика Заев да одговори, дали заканувачот е близок до еден градоначалник на една скопска општина и дали ја ужива заштитата на министерот?

– Доколку да. Дали неговата блискост му овозможила да малтретира свои колешки!?ВМРО-ДПМНЕ бара во најкраток можен рок сторителот да биде изведен пред лицето на правдата и да се соочи со соодветна казна. Злоупотребите на позициите мора да запрат. Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност за сите злоупотреби, сето насилство и мобинг – рече Ласовска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...