Грција е наш стратегиски партнер, сосед и пријател. Преспаснкиот договор отвори голем потенцијал за соработка што треба да се искористи, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас. .
Тој посочи дека се очекува наскоро да се одржи првата седница на комисијата за трговски марки, како и состанок на еспертите за отворање на новите гранични премини меѓу двете земји.
На новинарско прашање дали е можно оспорување на Договорот од Преспа во двете земји, Дендиас рече дека ставот на актуелната грчка Влада е дека тоа е завршена работа и треба целосно да се импементира. – Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно, додаде ефот на грчката дипломатија.
И Димитров вели дека договорот е веќе дел од нашиот правен систем и мора да се почитува.