Дендиас: Радосен сум што сум тука, имате целосна поддршка од Грција

120

Грција дава целосна и силна поддршка за прилучувањето на С. Македонија во ЕУ и се залага за целосна имплементација на Договорот од Преспа и зајакнување на билатералната соработка, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на зедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Радосен сум што сум тука, во прва посета на соседна Северна Македонија, која наскоро ќе стане партнер на Грција во НАТО и кандидат за ЕУ. Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција – рече Дендиас.

Тој оцени дека има драматично подобрување на билатералната соработката, која и натаму се развива со фокус на економијата, воената соработка, инвестициите, инфраструктурата…

Билатерланите односи, посочи Дендиас, поминуваат преку Преспанскиот договор. Има непредок во неговата имплементација, но има и доцнења во некои сегменти кои треба да се поправат.

– Грција го поддржува влезот на Северна Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа е заедничка цел. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имплементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка – рече Дендиас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...