Сеизмолозите предупредуваат: По Албанија утре е можен потрес во Дубровник

Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.

934
Photo: EPA / MALTON DIBRA

По серијата земјотреси кои рано изутринава ја погодија Албанија, од Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредуваат дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област.

– Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри – појасни за Индекс дежурната во Сеизмолошкиот завод.

Таа вели дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и вторични потреси.

– Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре – истакна сеизмологот.

Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...