На улицата „Јордан Мијалков“ вчера автомобил „пежо“ удрил велосипедист и избегал. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди.
– Во сообраќајката учествувавале патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, кој по незгодата го напуштил местото на настанот и велосипед, управуван од П.И.(45) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.