Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку соопшти дека ќе биде испратенa екипа за помош на граѓаните во Албанија.
– Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа, опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Се што е можно правиме за помош во овие трагични моменти – рече Шилегов.
Силен земјотрес го стресе Драч утрово, а беше почувствуван и во Македонија.