Едвард Нортон му го спасил животот на Леонардо Дикаприо

Дикаприо се „залетал“ по јато ражи и речиси останал без кислород во шишето.

513

Едвард Нортон откри дека му го спасил животот на Леонардо Дикаприо пред неколку години, додека тие нуркале на Галапагос!

Американскиот актер во една емисија ги раскажа деталите за настанот кој речиси завршил кобно. Нортон раскажал дека во една прилика, додека нуркал во Галапагос, Дикаприо се „залетал“ по јато ражи и речиси останал без кислород во шишето.

– Нуркавме со Силвија Ерл, големата океанографка. Го познавам Лео веќе долго време и знам дека тој полудува во близина на животните. Тој е страсен како дете. Јато од околу стотина ражи пливаа под нас и јас го видов тој израз на неговото лице. Нуркам уште од 16 години, рефлексно погледнав на часовникот и видов дека се ближиме до крајот – рекол Нортон.

Тој додал дека одлучил да поита по колегата.

– Помислив: „Трча по овие суштества, ќе остане без воздух“, и навистина беше така. Го повлеков кон површината и го извлеков – рекол тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...