Телеграф: Шкотска може да ја замени Русија на Еуро 2020

Ништо не се заканува на учеството на Русија во натпреварите, бидејќи тие се одржуваат под покровителство на УЕФА, а не на ФИФА, е ставот на челниците на рускиот фудбал. 

455

Отстранувањето на рускиот тим од Европското првенство 2020 може да доведе до тоа неговото место да го заземе репрезентацијата на Шкотска, пренесува „Телеграф“.

Претходно, комитетот за усогласеност на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) препорача Русија да се отстрани од учество на меѓународни натпревари на четири години поради повеќе неправилности на руските спортисти при тестирања од 2012 до 2015 година.

На квалификацискиот турнир во Еуро 2020, рускиот тим го освои второто место во групата и доби билет за завршниот турнир. Шкотите се трети.

-Ништо не се заканува на учеството на Русија во натпреварите, бидејќи тие се одржуваат под покровителство на УЕФА, а не на ФИФА, е ставот на челниците на рускиот фудбал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...