Еден пешак, еден сопатник и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во десет од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и четири нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање издадена е една казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 77 возила.
Казнети се и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, шест пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден за неправилно престигнување.