Земјотрес со јачина од 6,4 степени ги погоди Македонија и Балканот

4539

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ги погоди Македонија и Балканот рано утрово во 3 часот и 54 минути по локално време.

Земјотресот беше силно почувствуван од граѓаните на Македонија и траеше околу половина минута.

Епицентарот бил на 10 км во длабочина во Јадранското Море во близина на Албанија, а тресењето го осетиле граѓаните во Бугарија, Косово, Италија, Црна Гора, Хрватска и во Босна и Херцеговина.

Кусо по овој во Албанија следуваше уште еден силен земјотрес со јачина од 5,3 степени.

Граѓаните на Албанија веќе репортираат за штетите и за стравот од силниот земјотрес објавувајќи видеа и фотографии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...