Поранешни министри за локална самоуправа од картиците за репрезаентација земале аванси кои дел се уште не се вратени, констатирала внатрешната ревизија, а откри актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5.
– Сметам дека функционерите не треба да користат картички. Има констатирано неправилности во тој дел од страна на внарешниот ревизор кој со моето доаѓање доби слобода да работи и едноставно да истражува во Министерството. Јас сум должен по тие наоди да постапам. Стапивме во контакт со Бирото за судско вештачење и целокупанта сметка за реперезентација и од оваа и од минатата година ќе ги истражи и се што ќе биде девијантно ќе поднесеме соодветни пријави – рече Милевски.
Тој додаде дека во однос на земените аванси имало над 30 илјади евра кои не се вратени или не се регулирани со сметка, а за тоа од кого се земени, рече дека се од неговите претходници, и дека некои се веќе застарени.
– Дел од нив веќе подмируваат, дел се дадени со некои технички пропусти бидејќи немало потписи, но дел има и што не се вратени. Дел ги регулираа сметките, а оние кои не сакаат да ги регулираат ќе постапиме законски – рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.