Османи за прославата на „Шверцери“: Не треба од секоја ситуација да се создаваат меѓуетнички тензии

3296

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи за наводите за инцидент во Македонскиот народен театар во петокот по прославата на Денот на албанската азбука, оценува дека не треба од секоја ситуација да се создаваат услови за дебата која може да повлече меѓуетнички тензии и смета дека од она што можело да се види на објавените снимки нема ништо повеќе од гласно славење.

– Не треба од секоја ситуација да создадеме предуслови за некаква си дебата која може да повелече меѓуетнички тензии. Ако навистина немало демолирање како што видовме во извештаите, туку имало само гласно славаење и треба да констатираме дека не било најсреќно решение за таква прослава и да се научи лекцијата можеби за следниот јубилеј – рече Османи на вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, во врска со прославата на навивачката група „Шверцери“ во МНТ.

Според него, доколку имало говор на омраза и демолирање треба да се види дали организаторот ги презел сите превентивни мерки, но сепак, повтори, да не се прејудицира бидејќи од тоа што го видел во телевизиските извештаи нема ништо повеќе отколку гласно славење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...