Најслабиот тим во Серија А, Беневенто, го изненади Милан и на „Сан Сиро“ го совладува со 0:1.
Тимот, кој има 14 порази на стартот на сезоната, дојде во водство во 29 минута со голот на Пјетро Јемело.
По исклучувањето на Диабате во 80 минута, Милан играше со фудбалер повеќе, а судијата мечот го продолжи за седум минути.
Но домаќините безидејно кружеа околу противничкиот шеснаесетник и не направија шанса за да израмнат.
Беневенто на крајот од сезоната ќе испадне во Серија Б, а прва победа на гости сезонава ја оствари токму против Милан.
ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI