Зидан искрен: Јас сум заљубен во Мбапе

286
ФОТО: EPA / J.J. GUILLEN

Менторот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше на прес-конференција пред натпреварот во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и призна дека веќе некое време бил „заљубен“ во напаѓачот на противниците Килијан Мбапе.

Со тоа тој ги засили уште повеќе шпекулациите за неговиот можен трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Мбапе доаѓа тука како противник. Што и да зависи од мене за да го запреме, ќе го сторам тоа. Знаеме дека ПСЖ ќе биде оптимално подготвен. Натпреварот е важен за сите,. Треба да одиграме одлично против тим кој има одлична сезона. Ќе бидат екстремно мобилизирани – ние исто. Сакаме да постигнеме добар резултат и ќе биде интересно. Веќе некое време сум вљубен во Мбапе, прво како личност. Мислам дека двајцата со Нејмар ќе играат, а ние сме добро подготвени. Треба да бидеме смели, посочи Зидан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...