Барселона го одбрани трофејот и по рекорден 30-ти пат го освои Купот на Шпанија.
Во финалето кое се играше на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, каталонскиот тим убедливо ја победи Севиља со 5:0.
Серијата голови ја започна Луис Суарез во 14 минута, вториот гол го постигна Лионел Меси во 31, а потоа Суарез со својот втор погодок зголеми на 3:0 во 40 минута.
Капитенот Андрес Иниеста во своето последно финале во дресот на каталонскиот тим постигна погодок во 52.минута, а серијата голови ја затвори Фелипе Кутињо со погодокот од пенал во 69 минута.
Барселона е на прагот на освојување и на шампионската титула во Примера.
ФОТО: EPA/Ballesteros