Директорката на МНТ тврди дека настанот со Шверцерите бил најавен како дел од Ден на албанската азбука

3295

Директорката на Македонски народен театар (МНТ) Симона Угриновска денеска за МИА изјави дека остро го осудува инцидентот што се случи во петокот при одбележувањето на Денот на албанската азбука.

Таа потенцираше дека за одбележувањето биле предвидени серија настани, посочувајќи дека владините претставници се оградуваат од причина што тие не биле инволвирани во настанот на кој се случил инцидентот.

Имено, Владата, односно Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја организирало само централната манифестација – Свечената академија по повод прославата на Денот на албанската азбука, додека настанот на којшто се случил инцидентот бил само најавен меѓу другите настани предвидени за одбележувањето.

– Вториот настан, не ни беше најавен дека ќе биде во такви рамки. Беше најавено дека ќе има проекција на документарец, по истиот повод – Денот на албанската азбука. Ние не знаевме до последен момент ниту дека документарецот не во контекст на одбележување на Денот, тука дека е сосема друга темата и воопшто не знаевме дека се повикани навивачи на фудбалски клуб – нагласи Угриновска.

Таа информираше дека во МНТ наскоро ќе пристигне крим-техника да изврши увид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...