Претседаелот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, денеска, по повод Денот на државноста на БиХ, што се одбележува само во Федерацијата БиХ, дека „секоја педа од таа државност е заедничка“ и дека „ништо не е српско, освен името на Република Српска“.
Изетбеговиќ коментарот го даде на вчерашната изјава на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, за тоа дека „Бошњаците мораат да знаат дека БиХ не е нивна, а РС е исклучиво наша“, пренесуваат сааревските медиуми.
– Секоја педа од оваа земја е заедничка, ништо во БиХ не е српско освен името на Република Срспка, а не знам дали и тоа ќе остане доколку Додик продолжи со ваквите изјави – рече Изетбеговиќ, честитајќи го овој, како што кажа, голем ден, роденденот на Босна и Херцеговина.
Според него, БиХ оди во вистинска насока, со потсетување дека станува збор за држава која постои илјада години, и како што кажа, ќе постои уште илјада.
Во тоа, кажа, е убеден.
Коментирајќи ја Програмата за реформи за НАТО, тој рече дека со тој документ е „ деблокиран патот кон НАТО што долго беше во застој, деблокирана е имплементацијата на реформата за одбрана, деблокирана е и работата на Парламентарното собрание на БиХ , формирањето на новите структури на власта….“.
-Тоа е еден добар документ. Му благодарам на Додик што направи таква работа – рече Изетбеговиќ.