Погба повеќе не сака ни да влезе на теренот на Манчестер Јунајтед

374
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, одбива да влезе на теренот. Според шпанската радио станица „Копе“, францускиот фудбалер целосно се опорави од повредата поради која не играше скоро два месеци. Сепак, тој нема намера да ја продолжи кариерата во Јунајтед и сака трансфер во текот на зимскиот преоден рок.

Главниот кандидат за ангажман на Погба е Реал. Манчестер јунајтед го проценува Французинот на 150 милиони евра.

Пријавено е дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер, земајќи ги предвид сите околности, повеќе не е против продажбата на Погба, иако летото беше категорично против прекин на соработката со него.

Оваа сезона Погба одигра пет натпревари во Премиер лигата.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...