Украден накит вреден милијарда евра од музеј во Дрезден

Според германски „Билд”, во музејот дошло и до прекин на електричната енергија и, најверојатно се работи за намерна саботажа, како дел од грабежот.

228
FOTO MIA

Еден од најголемите европски историски музеи „Зелен трезор” во Дрезден, Германија, бил ограбен рано утрово, а крадците однеле колекција вредна над милијарда евра, соопшти полицијата.

Имено, украдена е историска колекција на средновековен накит. Според полициските извештаи, натрапниците влегле во историскиот дел на музејот што се состои од два дела. Во првиот оддел се чуваат скапоцености од периодот на полскиот крал Август Втори Силниот, кој владеел 1687 – 1733 година, а во новиот оддел се колекциите на поединци.

Засега не се соопштува што точно е украдено од вредните предмети.

Според германски „Билд”, во музејот дошло и до прекин на електричната енергија и, најверојатно се работи за намерна саботажа, како дел од грабежот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...