„Шверцерите“ имаа културна промоција во МНТ ВИДЕО

2065

Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за прославата на 30-годишниот јубилеј на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ во зградата на Македонскиот народен театар.

Николовски бара оставка од директорот на МНТ и министерот за култура.

Оперскиот пеач Игор Дурловски на социјалните мрежи искоментира:

– Северџанистане земјо свртена наопачки.

Еве како изгледаше прославата.

Наспроти ракциите и критиките за однесувањето на „Шверцерите“ во МНТ, пратеникот  на ДУИ, Артан Груби на Фејсбук ѝ го честита јубилејот на навивачката група.

https://www.youtube.com/watch?v=rspIe1bsoXo&feature=emb_logo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...