Вистинска драма се случувала вечерва во Кавадарци, при која пожарникари спасиле жена на возраст од околу 80 години, потврдија за МИА од кавадаречката Противпожарна единица.
– Дојде зетот кој побара помош оти никако не можел да ја слушне на телефон бабата која живее на четврти кат, а не ја отворала влезната врата на станот во кој живеела. Бидејќи станот има блиндирана врата, а моравме да реагираме брзо, затоа што постоеше стравување да не и се случило нешто лошо, зедовме голема скала со корпа и еден од пожарникарите се качи на балконот на старицата. Го скрши стаклото од балконската врата и ја отвори. Влезе и ја најде жената во бањата во бессознание. Веднаш повикавме брза помош и полиција, а во меѓувреме и пружавме помош – изјавија од Противпожарната единица.