Британското обвинителство го обвини и 23-годишниот северен Ирец, Кристофер Кенеди, за смртта на 39-те Виетнамци чии тела минатиот месец беа пронајдени во камион ладилник.
Полицијата наведе дека Кенеди е обвинет за завера за организирано шверцување луѓе и завера дека ги прекршил британските имиграциски закони.
Пред судот тој ќе се појави утре.
Телата на починатите Виетнамци беа откриени на 23 октомври во местото Грејс.
Полицијата претходно го обвини и 25-годишниот Морис Робинсон, возачот на камионот од Северна Ирска, по 39 точки за убиство од небрежност и завера за шверцување луѓе. Во обвиненето се наведува дека тој го донел камионот до Парфлит, во Англија, каде бил преземен ладилникот што со траект пристигнал од Зебриж, во Белгија.