При ваква власт и опозиција нема нормален човек кој би останал во државата, освен нас малкумината „лудаци” кои им пркосиме и на едните и на другите, пишува претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски на Фејсбук.
– За разлика од тебе Стево и твоето признание, нашиот пркос има за цел да им овозможи на оние кои биле принудени да заминат, да ни се вратат што е можно поскоро, а оние малкумина што останаа тука со нас да ги охрабриме да ни се приклучат. Во тоа и ќе успееме. Биди сигурен.
Стево, ние не сме дефетисти како тебе и не се помируваме со наследената и моментална ситуација. Ние сме чесни борци против сите општествени аномалии и девијации – пишува Кекеновски