Путин: Христијанството и исламот се темелат на исти вредности

342
ФОТО: EPA / EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Православното христијанство и исламот се темелат на исти вредности, изјави рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето на верската конференција во Киргистан.

Конференцијата „ Православието и сламот – религии на мирот“ , има за цел да ги промовира меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог меѓу Русија и Киргистан, пренесе „Москва Тајмс“.

-Исламот и православното христијанство, како и другите светски религии, се темелат на фундаменталните хуманистички вредности, кои имата трајно значење – на милордие и љубов кон ближните, на правда и почитување на човековото битие, рече Путин, пренесе Тасс.

Тој додаде дека од суштинско значење е зачувувањето на врската меѓу двете земји, како и на соработката на религиските организации во заштитата на мирот и меѓусебното договарање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...