Хеџ-фондот „Бриџватер ашосиејтед“ типува на светска берзанска криза

Според извори на зесникот „Волстрит џорнал“, хеџ-фондот, кој менаџира 150 милијарди долари на 350 клиенти, вложил околу 1.5 милијарди долари во продажни опции на американската берза „СП 500“ и на европската „Еуро Стокс 50“..

1003

Најголемиот хеџ-фонд во светот „Бриџватер ашосиејтед“, основан од американскиот милијардер Реј Далио, типувал на пад на берзите во САД и во Европа и на светска берзанска криза до март 2020 година, тврди весникот „Волстрит џорнал“.

Според извори на весникот, хеџ-фондот, кој менаџира 150 милијарди долари на 350 клиенти, вложил околу 1.5 милијарди долари во продажни опции на американската берза „СП 500“ и на европската „Еуро Стокс 50“.

Далио изјави дека прилогот на весникот не ја отсликува реалноста.

Весникот тврди дека типувањето било договорено со неколку компании како “Голдман Сакс“ и „Стенли Морган“. Според „Волстрит џорнал“ доколку тие две берзи (една или двете наеднаш) ја изгубат вредноста до март 2020 година, најголемиот хеџ-фонд во светот ќе има огромна добивка. Ако нивната вредност порасне, парите пропаѓаат.

„Би сакал да изјавам дека ние не типуваме на пад на берзите“, напиша синоќа Далио на Твитер.

Милијардерот соопшти дека од „Бриџватер ашосиејтед“ му објасниле на репортерот, автор на прилогот, дека тврдењата за тоа дека фондот се обложува на пад на берзите ги води читателите во заблуда.

– Но материјалот сепак се објави. Живееме во свет во кој многу автори на новинарски прилози најмногу од се сакаат сензационални наслови, дури и ако фактите не ги одразуваат насловите – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...