Бидејќи тензиите меѓу САД и Кина не се намалуваат се почесто може да се слушнат гласини за трка за вооружување меѓу двете земји на полето на вештачката интелигенција, а коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, неодамна кажа дека не може да сфати како разграничувањето или ограничувањето на научните истражувања би можело воошто да функционира.
– Не можете да донесувате одлуки кои ќе ги делите со други, а кои велат дека не смеете некому нешто да дадете бидејќи неговата баба е Кинескиња. Тоа нема да функционира – истакна Гејтс на научна конференција организирана од Блумберг во Пекинг
САД долго време имаше полза од отвореното споделување на резултатите од научните истражувања, што и натаму е огромна предност, посебно на полето на вештачката интелигенција, пренесе Б92.
Гејтс е сосема уверен дека нема алтернатива за таквиот пристап.
– Кој и да има отворен систем, ќе биде во огромна предност. Можете сосема да ги игнорирате сите кои ќе се обидат да ги затворат своите системи – порача Гејтс.
Тој го посети Истражувачкиот центар на Мајкрософт во Пекинг, што се занимава токму со вештачката интелигенција.
Гејст нагласи дека споделувањето на резултатите од научните истражувања е една од причините што вработените во тој центар и дошле да работат во Мајкрософт и додаде дека тие сигурно ќе си заминале да работат на други места доколку кај нив немале таков пристап.