Вработен во комуналното прептијатија од Студеничани почина откако на него удри камион „волво“ кој го управувал неговиот колега.
Несреќата, како што соопшти полицијата се случила утрото во село Батинци додека двајцата вработени во комуналното претпријатие го собирале сметот.
„С.И.(62) од Батинци управувајќи товарно моторно возило „волво” на Комунална хигиена Студеничани додека собирале смет, удрил со возилото во неговиот колега И.М.(28) од с.Батинци кој починал на место на настанот“ се вели во соопштението.
На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.