Ќе се воведат „трајни дозволи за работа“ во земјите членки на иницијатива Мал Шенген

Пендаровски упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, за што е и реализацијата на иницијативата за т.н. „Мал Шенген“.

750

Претседателот Стево Пендаровски ја продолжи официјалната посета на Србија, со престој во Нови Сад каде што учествуваше на 4. Регионален младински форум.

Како што јави дописникот на МИА, тој се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на власта: Презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателите на Србија и на Словенија, Александар Вучиќ и Борут Пахор.

– Потребно е менување на менталниот склоп во регионот. Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој, за младите да останат дома – изјави на панелот Пендаровски.

Тој упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, за што е и реализацијата на иницијативата за т.н. Мал Шенген“.

Српскиот претседател ги посочи бројките на иселување на младите во целиот регион кои се алармантни.

– За да ги задржиме младите треба да им се понуди перспектива, со добра политика и раст на економијата со високи плати – изјави Вучиќ

Тој исто така посочи дека во таа насока е и иницијативата Мал Шенген.

Вучиќ најави и воведување на „трајни дозволи за работа“ во земјите членки на иницијатива Мал Шенген.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...